Контејнерски терминал

Контејнерски терминал
Nelt LSP – Container Terminal

КОНТЕЈНЕРСКИ ТЕРМИНАЛ

Железнички Контејнерски Терминал | Nelt LSP

На имотот на Nelt, во Централниот дистрибутивен центар во Добановци, постојат железнички индустриски колосеци, со што се овозможи неодамнешно воспоставување на првиот приватен интермодален терминал (железнички контејнерски терминал) во Белград. Почетниот капацитет на депонирање е 400 TEU, со можност за проширување на капацитетот од повеќе илјади TEU.

Терминалот на Nelt со железницата поврзан е со сите пристаништа во регионот, но и со останатите европски пристаништа и копнени терминали. Автопатите E-75 и E-70 се вкрстуваат на оддалеченост од 6 km од терминалот, Aeродромот Никола Тесла одалечен е 10 km, a индустриските зони Шимановци, Крњешевци, Стара Пазова, Инѓија одалечени се од 15 дo 40 km. Во рамките на логистичкиот центар на Nelt функционира и царинска испостава со складиште, што обезбедува целосна поддршка за различни процеси и стоковни текови.

Сервисите што се нудат се: обработка на полни и празни контејнери, односно прием, претовар, депонирање, складирање и испорака. Со цел да се обезбеди комплетна услуга на корисниците на терминалите, исто така, се обезбедуваат и услуги на одржување, чистење и поправка на контејнери; потоа, потребни се инспекции и подготовки, како и паркинг со голем капацитет за 100 шлеперски возила. Од особена корист се дополнителните сервиси за полнење и празнење на контејнери, складирање на стоки во амбиентални или терморегулирани складишта, манипулација и дистрибуција до крајните потрошувачи.

Предностите што интермодалниот терминал ги обезбедува за клиентите се намалување на учеството на транспортните трошоци во цената на стоките, побрз, побезбеден и поквалитетен транспорт на стоки од производителите до потрошувачите, намалување на трошоците за енергенти. За друштвото и државата тоа се намалени емисии на штетни гасови, олеснување на патната инфраструктура, поефикасен бизнис.

Teрминалот е отворен за сите актери на пазарот во увозните, транзитните и извозните текови од бродарските куќи и железнички оператори, преку логистичарите, шпедитерските куќи до производителите, сопствениците на брендови и други дистрибутери.

Царинење

Базирани на нашето повеќе-годишно искуство во областа на логистиката, Царинските постапки…

КОНОПС – Дополнителни услуги

Заради потребата на клиентите, континуирано да ги прилагодуваат своите производи…

Услуги во јавниот царински склад

Врвната техничка опременост и искуството на вработените ни овозможуваат да обезбедиме комплетна…

Транспорт

Вашите потреби во областа на транспортот на различни температурни режими, ги сервисираме…

Складирање

Во сегментот на складирање на стоки, подготвени ги дочекуваме барањата на новите клиенти…

Достава

Робата на купувачите се доставува со флота која брои 250 доставни возила со носивост…

Интерна Логистика

Nelt на своите клиенти им обезбедува услуга на управување со логистичките процеси во рамките на нивните…

23000 +

FTL годишно

72000 +

Царинска постапка годишно

125000 +

Простор за складирање m2

8500 +

Дневна испорака