FAQ

faq1

FAQ – НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

Најчесто Поставувани Прашања | Nelt LSP

Q: Што значи LSP, a што 3PL? Која е разликата?

A: Поимот 3PLThird Party Logistics се однесува на нивото на услуги и меѓусебна поврзаност помеѓу логистичката компанија и корисникот на тие услуги. Во литературата може да се најде различно толкување, но најчеста е поделбата на нивоа од 1PL дo 5PL:

  • 1PL – Систем за сопствени потреби со минимално ангажирање на други носители на логистички услуги
  • 2PL – Oдредени логистички услуги на транспорт, отпремање, складирање, царинско посредување им се доверуваат на специјализирани носители на логистички услуги
  • 3PL – Провајдер со поголем број на логистички услуги – најчест вид на поврзување при outsourcing услуги
  • 4PL – Mрежен интегратор – ги исполнува повеќето барања на клиентите и одговорен е за сите договорени 1PL, 2PL или 3PL провајдери
  • 5PL – Meнаџмент на сите делови на синџирот за снабдување со обезбедување на комплетни логистички решенија и информациони технологии

LSP Logistic Service Provider подразбира поширок поим затоа што може да содржи било кои од наведените нивоа – од 1PL дo 5PL.

NELT поради таа причина го промовира името LSP, не ограничувајќи се само на 3PL ниво на услуги што им ги нуди на клиентите.

Q: Кои се бенефитите за клиентите при ангажирањето на компанијата Nelt за сервисирање на логистички потреби?

A: Oптимизација на трошоци

Редукција на оперативните трошоци е еден од поважните бенефити кои може да ги почувствуваат нашите клиенти. Затоа што поседуваме современа транспортна опрема и опрема за складирање, доволно капацитети и знаења, а при тоа водиме и успешна економија на обемот, давајќи им услуги на голем број на деловни партнери, во можност сме да ги рационализираме сите трошоци – од трошоците за транспорт, преку ракување со резервите, до складирање.

Унапредување на технологиите и услугите

Да се биде конкурентен на пазарот подразбира вложување во квалитетот на производите и услугите. За нашите клиенти извршуваме широк спектар на логистички услуги и затоа константно го унапредуваме нивото на технологии и на самите ресурси. Потпрете се на нашата посветеност кон иновациите и постојаните вложувања во развојот, затоа што тоа ви носи сериозна компаративна предност на пазарот и го намалува ризикот од губењето на технолошката трка со конкуренцијата во сегментот на логистиката.

Стратешка флексибилност

Подготвеноста и брзината на прилагодување на промените во деловното опкружување, е клучна карактеристика на успешните што го вградуваме во нашите партнерства. Соработката донесува меѓусебни користи и пресудна е за стекнување на искуства. Долгогодишното партнерство со водечките компании во различните индустрии и пазари, стекнатите богати искуства им ги пренесуваме на новите клиенти.

Инвестирање во основниот бизнис

Надминете ги ограничените буџети за развој, а истовремено унапредете ги ефикасноста и ефективноста од логистичките процеси. Вие инвестирајте во развојот на вашите клучни дејности, а потпрете се на нашиот развој на логистиката. Фокусирајте ги своите сили на тоа во што сте најдобри, а на нас препуштете ни го останатото.

Намалување на ризикот

Нашето богато искуство во различните индустрии и специјализацијата за широкиот спектар на логистички активности ни овозможуваат проценка на неизвесност, минимизација и елиминирање на ризикот на логистичките операции. Ова е важна предност која ја внесуваме во партерството со Вас.

Довербата и сигурноста се основа за успехот кој секојдневно го негуваме, без оглед на тоа дали се работи за локални или за интернационални партнерства. Ќе ни биде задоволство да ве видиме во портфолиото на нашите клиенти заедно со P&G, Dr Oetker, Mars, Ball Packaging, Samsung, VIP Mobile, Lactalis, Actavis…

Q: На кој начин NELT ги реализира услугите?

A: Сè зависи од видот и обемот на услугите, но NELT сите решенија им ги прилагодува на специфичните потреби и барања на клиентите.

Затоа, важно е заеднички да ги идентификуваме барањата и, соодветно на тоа, да дојдеме до најоптималното решение за реализација.

23000 +

FTL годишно

72000 +

Царинска постапка годишно

125000 +

Простор за складирање m2

8500 +

Дневна испорака