IMG_3060

Групација Нелт добитник на наградата “Sarajevo Business Bridge Awards 2019”

Во рамки на 10. Сараево Бизнис Форум, кој се одржува во Сараево од 17 до 19 април, на компанијата Нелт ѝ е врачена престижната регионална награда  „Sarajevo Business Bridge Awards 2019“ во категоријата „Business of the Year“.

Пред групација Нелт наградата ја прими Горан Церовина, извршен директор на Нелт за пазарот во БиХ, кој во таа пригода изјави: „Групација Нелт, како еден од најуспешните деловни системи, денес вработува 4 000 луѓе во 11 компании, на еднакво ист број пазари во Југоисточна Европа и Африка. Лидерската позиција и успесите кои ги остваруваме цели 25 години се резултат на нашето константно вложување во унапредувањето на услугите, примената на нови технологии и инвестирањето во едукација и развој на вработените“.

Според зборовите на директорот Церовина, групација Нелт ги препознава и ги следи глобалните трендови и тенденции, па така само минатата година инвестирала 15 милиони евра во регионално ширење на интегрираните логистички услуги. „Стремежот е, производствените или маркетинг-компании да се фокусираат на својот основен бизнис, а логистиката или некои нејзини делови да се препуштат на логистички компании, со што се остварува поголема ефикасност, подобар квалитет и пониски оперативни трошоци“, заклучи Церовина.

Сараево Бизнис Форум (СБФ) успешно се одржува од 2010 година и ги поврзува меѓународните институционални и приватни инвеститори и компании со деловни лица и сопственици на проекти од Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.

СБФ претставува платформа за вмрежување и истражување на деловните и инвестициски можности во Југоисточна Европа, со единствена цел за економски развој на регионот. Оваа година СБФ претстави проекти и деловни можности од областа на недвижнините, туризмот, ИТ, дигиталната економија, образованието, спортот, културата, земјоделството, енергетиката, финансиите, инфраструктурата, градежништвото, услугите, металната, дрвната и други индустрии.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *