03272019.til2019savacentar ful,dodela-82

Признание за придонес кон развојот на проектот „Еден појас, еден пат“

На овогодинешната бизнис-конференција „Транспорт и логистика 2019“ на компанијата Нелт ѝ е врачена награда „Brand Leader Award 2019“ за извонредна соработка и придонес кон развојот на проектот „Еден појас еден пат“. Наградата ја доделува Dragon Maritime Group, застапник на логистичкиот гигант, кинеската компанија COSCO, врз основа на низа стандардизирани критериуми кои подразбираат професионалност, иновативност и висок степен на пазарна препознатливост. 

Компанијата COSCO, со која Нелт соработува од 2017 година, е еден од главните изведувачи на националниот проект на кинеската држава „Еден појас, еден пат“ кој подразбира стратешко поврзување на пристаништето Пиреј со различни дестинации на Балканот и земјите од Централна Европа. Интермодалниот терминал на Нелт во Белград со оваа соработка стана логистички центар на Балканот благодарение на одличната локација, техничките и технолошките предности.

„За две години работа на терминалот, низ деловниот комплекс во Добановци поминаа повеќе од 300 композиции и реализирани се 25 000 манипулации со повеќе од 15 000 илјади евра. Реализирани се транспорти на контејнери со железницата помеѓу Добановци и пристаништето Ријека, пристаништето Пиреј и терминалите во Романија“, истакна Јелена Јованиќ, менаџер на интермодалниот терминал, која во име на Нелт ја прими наградата.

Терминалот е отворен за сите учесници на пазарот во увозните, транзитните и извозните текови, од бродските компании и железнички оператори, преку логистичари, шпедитерски компании, до производители, сопственици на брендови и други дистрибутери. Поврзан е со сите европски пристаништа и копнени терминали. Автопатиштата E-75 и Е-70 се вкрстуваат на оддалеченост од шест километри од терминалот, додека аеродромот „Никола Тесла“ е оддалечен десет километри. Во склоп на логистичкиот центар на Нелт функционира и царинска испостава со складиште, што овозможува целосна поддршка и флексибилност при различните процеси и стокови текови. Со сетот на логистички услуги кои се покренати со активирање на интермодалниот терминал на клиентите им е овозможено намалување на логистичките трошоци, како и побрз, посигурен и поквалитетен транспортен сервис. 

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *