4B6A0894

Нелт на логистички форум во Романија

Логистичката асоцијација на Романија беше домаќин на форумот „Можности и предизвици во трговијата помеѓу Србија и Романија“ во Темишвар на 21 март. Поддршка при реализацијата на колегите од Романија им пружија Српската логистичка асоцијација, компанијата Pluton Logistics и порталот Ekapija.

Пред компанијата Нелт презентација на тема „Може ли Белград да стане нова интермодална капија за прекуокеански текови на компаниите од Западна Романија?“ одржа Иван Милиќевиќ, менаџер за развој на логистика на групација Нелт. Фокус на презентацијата беше прикажување на компаративните предности во користењето на интермодалниот терминал на Нелт, поврзана железница со пристаништето Пиреј, и постојните решенија преку пристаништата Констанца, Ријека и Копер при испорака на контејнерите од Далечниот исток до регионот на западна Романија. Јасно беше истакната заштедата во вкупното време на патување, скратениот друмски дел на рутата, како и големото влијание врз намалувањето на потрошувачката на гориво и емисиите на штетни гасови. Претставниците на компаниите и институциите покажаа голем интерес за приложените решенија.

На настанот присуствуваа претставници на државните институции, амбасадите, бизнис-асоцијациите и на компании од двете земји, меѓу нив и Continental Automotive Serbia, производител на 95 % од тахографите во светот, Zoppas Industries, реномиран производител на греачи и добавувач на НАСА за програмите за летала на Марс и ревизорската компанија Deloitte.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *