DSC_1933

„AmChamps – Young leaders in change“ во Нелт

Нелт традиционално ги пречека учесниците во програмата „AmChamps – Young leaders in change“ во својот деловен комплекс во Добановци. Учесниците од шестата генерација поблиску се запознаа со работата на компанијата преку одржани презентации, работилници, посета на складиштата и интермодалниот терминал.

Посетата остави посебен впечаток на студентите поради големината на инфраструктурата, сложеноста на процесот и технологијата која се користи. Посебно внимание привлекоа контејнерскиот терминал, овоштарниците и виновите насади во ЦДЛД. Целодневната посета на компанијата Нелт, како што заклучија посетителите, беше најкорисна и најдобро организирана посета на една компанија досега.

Да потсетиме, „AmChamps – Young leaders in change“ е единствен проект на Американската стопанска комора кој е осмислен на таков начин да ги поврзе студентите од една страна и младите менаџери на компаниите членки од друга страна, со цел развој на младите.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *