Diplomacy & Commerce 2019

Нелт и Кока Кола ја поделија наградата на списанието Diplomacy & Commerce за најдобра општествено одговорна компанија

Списанието Diplomacy & Commerce, синдикација од лондонскиот весник The Economist, го прослави својот трети роденден на 20 март во Националниот музеј во Белград и во таа прилика додели награди од кои наградата за најдобра општествено одговорна компанија им припадна на Нелт и на компанијата Кока Кола.

Награди беа доделени на поединци, компании и огранизации кои се истакнале во хуманитарната дејност, ЦСР активностите, поврзување на бизнисот и културата, како и кои придонесуваат кон унапредување на условите на работа, билатералната соработка, граѓанското општество, како и економската средина во Србија. Покрај нашата компанија, меѓу добитниците се наоѓаат и Delta Holding, Heineken Srbija, Националниот музеј, Војводинска банка… 

Жирито го сочинуваа претставници и директори на стопанските комори кои работат во Србија.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *