Ne lsp

Придонес на Нелт кон заштитата на животната средина

Нелт активно се занимава со собирање и одлагање на амбалажен отпад преку овластениот оператор Секопак. Во 2018 година обезбедено е повторно искористување на 800 тони амбалажен отпад од пазарот на Србија. На тој начин компанијата придонесува кон намалување на количините отпад кој завршува на депониите, а со тоа и кон помала емисија на CO2. Со ова успешно е исполнета општата, како и секоја специфична цел за 2018 година кога е во прашање управувањето со амбалажен отпад.

Од 2016 година вработените активно го селектираат отпадот и на работното место. Обележаните места за селекција на отпадот овозможуваат собирање на картони, хартија, пет-амбалажи, метал и стакло и нивно одвојување од останатиот отпад кој не може да се рециклира. Како резултат на оваа пракса во текот на 2018 година собрани се и класифицирани 14 800 kg бела хартија, 1 200 kg пет-амбалажа, 62 kg алуминиумски лименки, 16 kg стакло.

Вака класифицираниот отпад, заедно со амбалажниот отпад кој се создава во процесот на работата на складиштето, се собира и пресува во еко-дворот, поставен во централниот дистрибутивно-логистички центар на компанијата во Добановци.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *