5

Отсега во Нелт „Ден за нововработени”

Првиот „Ден за нововработени“ е одржан на 13.02. во Централниот дистрибутивен логистички центар во Добановци. Полудневната програма е посветена на сите колешки и колеги кои тукушто се приклучуваат на Нелт и е еден од начините на кои од почетокот на оваа година го унапредивме Onboarding-от за нововработени.

Со зборовите „Веруваме дека станавте дел од тим кој победува на долгорочни патеки“ на новите вработени добредојде им посака Милица Јовиќ, извршен директор за човечки ресурси на групацијата Нелт.

Оваа новина на новите колешки и колеги од сите градови на Србија им овозможува да се запознаат и на внимателно осмислен начин да се информираат за основните сегменти на работењето на компанијата, визијата, вредностите, историјатот, како и регулираните обврски со основниот закон (обука за противпожарна заштита, прва помош итн.)

Воедно, ова е можност во живо да им биде посакано добредојде и да го посетат магацинот во ЦДЛЦ во Добановци. „Денот за нововработени“ ќе се одржува еднаш месечно во Србија.

Во нашите компании во Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина тој ќе се организира со соодветна динамика во согласност со локалните потреби.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *