IMG-b9a9baf63e5bf1377102f8db6ab92604-V - Copy

IV акција „Срце на терен“

Интерната акција на вработените во компанијата Нелт под називот „Срце на терен“ е организирана последните денови од јануари. По четврти пат вработените во менаџментот, дистрибуцијата и логистика поминаа заеднички работен ден на терен. Во духот на Грижата за луѓето, една од клучните вредности на Нелт, оваа акција особено се поттикнува со отворена комуникација, тимска соработка и мотивација.

Ова беше единствена можност повеќе од 70 вработени во менаџментот да се запознаат со едно поинакво работно опкружување, со дневните задачи кои се јавуваат во дистрибуцијата и логистика и да дадат свој придонес на терен. Од друга страна, вработените во дистрибуцијата и доставата добија поддршка во работните активности. Со акцијата се опфатени сите регионални дистрибутивни центри, филијали и cross-dock центри во Србија.

„Вчера го разгледав теренот со Мирко Вучиќевиќ, колега од продажба. Тој е задолжен за асортиманот на производи од Neoplanta и Dr.Oetker. Ги посетивме продажните објекти во реонот на Коњарник и Јужен Булевар. Беше интересно! Ги распределував производите, ги проверував датумите на истекување на рокот на траење, правилата за требување на производите … Сметам дека со оваа акција ги запознаваме колегите од организацијата, разменуваме информации и создаваме поширока слика за нашето работење“, вели една од учесниците, Бојана Цветковиќ, менаџер за управување со парични текови.

„Срце на терен“ се организира од 2017 година.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *