IMG-3766b2e21fc3c11ad7e10561bc760089-V

WMS G.O.L.D. имплементиран во Нелт во Краљево

Во 14 јануари, во регионалниот дистрибутивен центар на компанијата Нелт во Краљево успешно е имплементиран систем за управување со складишни операции ВМС Г.О.Л.Д.

ВМС Г.О.Л.Д Шток, софтвер за управување со процесите во складиштето, овозможува оптимизација и максимална искористеност на сите складишни ресурси. Поврзан е со системите САП и ТМС-Скај Трак, со што се постигнува поголема ефикасност во реализацијата на логистичките задачи.

Со реализацијата на овој проект создадени се дополнителни предуслови за воспоставување на соработка со нови клиенти во логистиката, создавање на посилна мрежа и дополнителни компаративни предности на локално ниво.

Системот претходно е имплементиран во централниот дистрибутивно-логистички центар на компанијата во Добановци и во регионалниот дистрибутивен центар во Ниш, а според планот, до крајот на оваа година ќе следи имплементација во регионалниот центар во Нови Сад.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *