LN

Нелт, добитник на признание „Белградски победник“

Традиционалните годишни награди на Стопанската комора на Србија – Стопанска комора Белград, „Белградски победник“, им се врачени во петок, 21 декември 2018 година, на најдобрите компании и поединци за остварени резултати во 2017 година. Наградите се доделуваат веќе 33 години за резултати во економијата, развојот и придонесот за успех на белградската и српската економија.

Компанијата Нелт е една од шесте стопански друштва, добитник на овогодинешно признание.

На свеченоста во Собранието на град Белград, наградата за компанијата ја прими Марко Миланковиќ, менаџер за комуникации на групацијата Нелт. Во таа пригода тој се заблагодари за ова признание на деловната заедница и изјави дека наградата „Београдски победник“ има особено значење за Нелт, како меѓународна компанија со седиште во Белград, која со текот на годините станала една од најголемите приватни српски компании, со деловни операции на два континента и на 11 пазари.

Покрај нашата компанија, добитници на овогодинешната награда „Београдски победник“ се и компаниите ДМ, Ball Packaging Europe, Гранд кафе, Сервотех и Светлост театар, како и деканите на Машинскиот, Градежниот и Електротехничкиот факултет на Белградскиот универзитет.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *