DJU_1495

Унијата на работодавачи на Црна Гора на Montenomaks C&L му додели награда за заштита на животната средина

Во рамките на конференцијата „Силна економија – успешна Црна Гора“, во петок, 14 декември, во хотелот Hilton во Подгорица, Унијата на работодавачи на Црна Гора, додели награди за општествено одговорно работењево 2018 година. На компанијата Montenomaks C&L ѝ беше доделена награда за заштита на животната средина, во категоријата на средни претпријатија.

Наградата ја прими Радован Радуловиќ, извршен директор на компанијата. По тој повод, тој им се заблагодари на сите вработени во Montenomaks за нивниот придонес во постигнувањето на целите во областа на животната средина, што резултираше со оваа престижна награда. Како што изјави, Montenomaks  веќе го отвори поглавјето за општествено одговорно работење, бидејќи ова е второто по ред признание од УРЦГ, а првото, во областа грижа за вработените, на компанијата ѝ беше доделено 2016 година.

Општествено-одговорните акции на компанијата Montenomaks кои се препознаени од страна на УРЦГ првенствено се „зелени” активности, како што е донација на 333 садници во 2018 година и волонтерското учество на вработените во нивното садење, учество во светската акција „Час за планетата Земја, сортирање на отпад и подготовка за рециклажа, како и сертификатот на меѓународниот стандард ISO 14 001:2015.

Генералната секретарка на УРЦГ, Сузана Радуловиќ, истакна дека општественото одговорното работење во голема мера го прифаќаат и практикуваат големите компании, особено глобалните, но од година во година, оваа практика станува сè почеста кај малите и средните претпријатија кои стануваат дури и лидери на иновативниот пристап во примената на принципот на ООР.

Jaвниот конкурс за УРЦГ наградата за ООР беше отворен од 25 септември до 25 октомври, а право на учество имаа сите компании регистрирани во Црна Гора.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *