Dorucak sa novinarima 2

Ширење на работењето и фокус на логистичките услуги

Oдбележувајќи две и пол децении успешно работење, нашата компанија годинава инвестираше 15 милиони евра во регионалното ширење на интегрираните логистички услуги, беше истакнато на овогодинешниот појадок со новинарите. На претставниците на медиумите на 20 ноември им беше претставен еден од најуспешните домашни деловни системи, кој денес вработува 4.000 луѓе во 11 компании, на исто толку пазари во Југоисточна Европа и Африка. Како лидер во обезбедувањето на најсовремени услуги во областа на дистрибуција и логистика, Nelt во 2018 ќе оствари консолидиран нето приход од 930 милиони евра.

Во годината во која се одбележува значаен јубилеј, направена е трансформација на управувачката структура на Nelt Група и проширено е работењето на новите пазари. Nelt Група неодамна започна деловни операции на пазарот на Албанија, со аквизиција на компанијата All Balkans Corporation од Тирана. Понатамошните планови на албанскиот пазар насочени се на развој на понудата на стоки за широка потрошувачка и фармацевтски производи, како и влез во секторот на угостителството. Оваа година Nelt склучи и две нови стратешки партнерства, започнувајќи соработка со компаниите Nectar и Nestle. Исто така, на пазарите на Западниот Балкан, започна и дистрибуцијата на  брендот Nutrino, производ нa Фабриката за детска храна – “Baby Food Factory“, oтворена минатиот месец во Добановци. Се работи за партнерска grinfild инвестиција вредна 34 милиони еврa.

„Лидерската позиција и успесите кои ги остваруваме цели 25 години се резултат на нашето непрекината вложување во подобрувањето на услугите, примената на нови технологии, и инвестирање во едукацијата и развојот на вработените. Во согласност со принципите на етичкото, одговорно и одржливо работење, планираме да се прошириме на нови пазари и понатамошен органски раст. Покрај тоа, ние исто така се фокусираме на проектите на локалните заедници во доменот на образованието, поради што ние сме препознаени како важен член на пошироката заедница“, изјави Милош Јелиќ, генерален директор на Nelt Група.

Nelt ја продолжува практиката на известување за одржливото работење во согласност со меѓународно признатата GRI методологија. Вториот извештај за одржливо работење Здрава организација проширен е на сите компании на Nelt Група во земјите на Западниот Балкан, и ги презентира податоците од 2016 и 2017 година.

Во новиот период, компанијата влезе со нов визуелен идентитет и нова CSR стратегија, која во фокус ќе стави поголем простор за ангажирање на вработените, и заеднички проекти со деловните партнери со пошироко социјално влијание. Исто така, компанијата на своите вработени им понуди бенефити, како што се: грижа за мајките, лекар на компанијата или приватно здравствено осигурување, еднократна парична помош за проширување на семејството како и пакети за компензација кои ги поттикнуваат вработените за посветеност и ефикасност и за тоа да бидат соодветно наградени.

Благодарение на исклучителните деловни резултати Nelt и оваа година е вклучен во листата со 100 најуспешни компании во Југоисточна Европа.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *