20180911_114231

Изградба на нови сали во Србија и Босна и Херцеговина

Во нашите компании во Србија и Босна и Херцеговина изградба на нови хали напредува од ден во ден! Отворањето се очекува оваа пролет 2019.

Овој повеќенаменски објект ќе биде составен од два дела – едниот дел ќе биде составен од канцелариски простор којшто ќе се простира на вкупна нето површина од 3,314 m². Просторот за складирање ќе се простира на значително поголема површина, од вкупно 12,843 m². Вкупната површина ќе биде 16.157  m² .

Површината опфаќа УП (урбанистички проект) за Nelt Co на преку 60 хектари.

На овој простор се наоѓаат 4 хали, управна зграда, ресторан, бензинска пумпа, пријавница, перална, паркинг… А бидејќи ова ќе биде петтиот простор за складирање, ќе го носи името Хала 5. Ќе биде трета по големина хала за складирање во рамките на CDLC Nelt Co, после Хала 1 и Хала 2.

Со инвестиција од 4 милиони евра за изградба на Хала 2 во Источно Сараево, планираме да ги зголемиме капацитетите за 5.000 палетни места. Површината на новиот склад ќе биде 3.700 m² со дополнителни 1.400 m² канцелариски простор. Се планира и екстензија од 700 m² за полици за складирање и VAS услугите. Вкупната површина ќе биде 6.273 m².

Целата постоечка технологија и стандардите коишто се применуваат во Nelt ќе бидат имплементирани и во новиот склад.

Сегашната инфраструктура на Nelt во Босна и Херцеговина составена е од 2.000 m² канцелариски простор и 7.500 m² простор за складирање во амбиентален, разладен и замрзнат режим. Во Босна и Херцеговина покрај Сараево, постојат дистрибутивно-логистички центри во Бијељина и Бања Лука кои, со cross dock во Мостар, овозможуваат да се остварат повеќе од 20.000 испораки месечно на територија на цела БиХ.

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *